Добре дојдовте во А1 Towers
Согласно глобалниот развој на телекомуникациската индустрија, во јуни 2022 година, А1 Македонија ја оддели својата дејност со преносни станици од својата дејност на оператор. Во текот на ова одделување беше создадена А1 Towers (Македонија) за делот на пасивната мобилна инфраструктура, како што се антенски столбови, контејнери (за електронска опрема) како и правото на користење и сопственост, беше префрлена во А1 Towers. Активната мобилна инфраструктура, како што се преносните системи и антени, и натаму останува во А1 Македонија.
Ова одделување на двете деловни области (пасивна мобилна инфраструктура и дејноста на оператор) во две компании овозможува јасно фокусирање на соодветната основна дејност, притоа зголемувајќи ја вредноста за сите засегнати страни, особено за корисниците на компанијата.
А1 Towers нуди првокласни големопродажни услуги за голем број клиенти. Компанијата е посветена на исполнување на сè поголемата побарувачка за висококвалитетни инфраструктурни решенија и нуди цврста основа за развој на 5G-технологијата во голем обем во иднина.
Компанијата А1 Towers е во сопственост на А1 Телеком Австрија Групацијата.
Силно присуство
А1 Towers нуди решенија и услуги за воспоставување и поддршка за безжични мрежи со национални развојни тимови, кои брзо и исплатливо може да воспостават една или повеќе локации.
А1 Towers е посветена на продолжување на својот развој на одржлив начин, притоа вметнувајќи ги еколошките и општествените вредности во своите секојдневни активности како клучни двигатели на нејзиниот долгорочен успех.