Водечко портфолио во индустријата на безжични технологии
А1 Towers располага со најнапредните портфолија во областа на базните станици во Македонија, а со тоа на нашите партнери им се нудат голем број можности за развој и проширување на нивните мрежи. А1 Towers нуди решенија и услуги наменети за градење и одржување на телекомуникациски мрежи. Нашите водечки експерти и нашиот пристап, кој секогаш се води од потребите на клиентите, овозможуваат врвно искуство за сите наши постојни и идни клиенти што имаат потреба од брзи и достапни решенија за проширување на нивните мрежи.
Што нудиме:
– Стратегиски поставени индивидуални базни станици/кули поставени на земја, како и кровни базни станици на најатрактивни локации.
– Тимови составени од посветени локални стручни лица што ги советуваат и ги водат нашите партнери во текот на секој чекор: планирање и дизајн, лизинг, добивање дозволи, целокупно управување и одржување.
– Поедноставен процес на колокација.
– Иновативни, како и приспособени решенија за брза и достапна реализација за сите проекти, без оглед на нивниот обем, големина и вид.
Колокација
А1 Towers располага и работи со најнова инфраструктура на базни станици, која е стратегиски развиена со цел максимална покриеност на најделотворен начин и во урбани и во рурални подрачја. На тој начин, А1 Towers обезбедува атрактивни услуги на колокација на својата инфраструктура на други мобилни оператори, даватели на IoT-услуги и државни институции, овозможувајќи им да постават своја активна опрема на тие локации.
А1 Towers обезбедува високо ниво на квалитет, достапност и сигурност во обезбедувањето на услугите благодарејќи на достапните системи за мониторинг и контрола (пристап, напојување со електрична енергија, алармни системи, безбедност, разладување на опремата итн.).
Решенија дизајнирани за индивидуални базни станици/кули поставени на земја, како и кровни базни станици
Како дел од своето портфолио, А1 Towers на своите клиенти им нуди приспособени решенија на индивидуални базни станици/кули поставени на земја, како и кровни решенија. Како дел од оваа услуга, ги надминуваме сите предизвици поврзани со стекнувањето, планирањето и изградбата на локации за нашите клиенти и им нудиме централна точка за контакт. На нашите клиенти им нудиме голем број локации за избор во конкретни подрачја од интерес, така што клиентите ќе може да ја изберат онаа што е најсоодветна за нивните потреби. За сите понудени локации нудиме пакет со локациски податоци со информации за одобрените понудени локации, вклучувајќи и податоци за сопственикот, достапни комунални услуги, информации за зонирање и добивање одобренија, прелиминарна процена на локацијата и фотографии.